Колку ќе претрпи трговската размена Македонија-Русија?

Руско-украинската криза со сигурност ќе ја растресе и македонската економија.  Македонија го губи пазарот во Руската федерација како резултат на санкциите од наша страна, но и најавите за контра санкции на рускиот лидер Путин. Русија е дваесетти трговски партнер на Македонија, а трговската размена меѓу двете земји се движи околу 200 милиони евра.  Само лани во директната размена Македонија – Русија биле извезени близу 50 милиони евра, а увезени стоки во вредност од 150 милиони евра.  Потенцијално може да секне и гасот кој влегува во земјата а транзитира од Русија низ Украина.

Македонскиот извор бележи континуиран раст, од 36 милиони во 2017, потоа имавме 42 милиони во 2018, па мал пад во 2018, околу 30, па 60 милиони во 2020..Лани, 54 со тоа што лани имавме пех на мрзнење на главните производи, тоа беа праските, кајсиите.. кои учествуваат во 15 проценти од нашиот извоз. Оваа година се очекуваше дека таа бројка ќе расте, но поважно е тоа што во минатите години ние направивме дизифирикација, не само на земјоделските, на фармацевтските… – вели Дејан Бешлиев – директор на македонско-руска стопанско комора.

Освен нафтата и гасот, Русија и Украина обезбедуваат четвртина од светското производство на пченица, а Русија е и најголемиот извозник. Може да се претпостави какви ќе бидат последиците на цените и производството на храна без овие количини, вели првиот човек на македонско-руската стопанска комора.

-Ќе видиме во кој дел ќе бидат најавените санкции на Русија, да се надеваме дека не во целост на она што го работиме бидејќи, ние една третина од македонските производи ги пласираме на тој пазар. Би рекол лесно е да се изгуби пазар, многу потешко е да се освои. Ние увезуваме главно гас и нафта, во трговската размена доминантна е таа ставка, затоа имаме и трговски дефицит, бидејќи додадената вредност на овие два продукти е многу поголема, за разлика од она што ние го извезуваме.. Не знам дали тоа ќе биде спречено, не верувам, бидејќи ние сме зависни, факт… вели Дејан Бешлиев – директор на македонско-руска стопанско комора.

Не само директно, индиректно штетите ќе бидат поголемени бидејќи од рускиот прозизводи како челик , железо и.тн. од  Русија завршуваат на македонскиот пазар но, преку фирми посредници од ЕУ и Турција.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста