ДИК: 11.224 лица до вчера се провериле во избирачкиот список

Вкупно 11.224 лица до вчера се провериле во избирачкиот список, а поднесени се вкупно 33 барања за запишување во избирачкиот список, 25 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 19 барања за измена на податоците во избирачкиот список, информираат денеска од Државната изборна комисија (ДИК).

ДИК известува дека постапката за јавен увид во Избирачкиот список тече и истата ќе трае до 9 септември 2021 година.

До Државната изборна комисија, на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 36 барања.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста