ССМ поднесе кривична пријава против привремениот стечаен управник на Баргала

Сојузот на синдикатите на Македонија поднесе кривична пријава против Пепи Панев, привремениот стечаен управник на фабриката за чевли „Баргала„. Синдикатот се сомнева дека стечајниот управник не работи во полза на работниците и манипулира со законот за фабриката да не оди во стечај. Ново рочиште е закажано за нареднат недела. Дотогаш стечајниот судија ќе треба да ги разгледа изводите од банките кои вчера ги доставија работниците и да пресуди дали со исплатата на трите плати од кои некој биле и по 600денари менаџментот ги исполнил обврските за фабриката да не оди во стечај.

Инаку револтот и разочараноста кај работниците е огромна. За нив единствен спас од агонијата е фабриката да оди во стечај.  Тие се сомневаат дека за егзистенцијата на нивните семејства одлучува политиката, бидејќи  како што велат цела јавност знае за роднинските врски помегу нивниот менаџер и градоначалникот на Штип

 Во Баргала е замешана политиката. Не одиме во стечај, не сме на работа,оставени сме така ! Триесет години работиме а немаме ни здравство. За него се може да биде.Го држат!Градоначалникот му е зет. Заев-кој може друг да биде.  Ако некој може да живее со плата од 629 или 5000 денари нека повеле. Јас не можам! Да не даде под заводот барем колку толку ќе можеме да платиме струја, вода и кредити.

Пред два месеци директорката на УЈП Сања Лукаревска информираше дека при крај е контролата во фабриката и се утврдени голем број на неправилности од енормни размери. Денес Алфа праша дали е завршена контролата и што е откриено. Освен тоа дека се откриени неправилности, други детали не дадоа правдајќи се дека исходот од извршените контроли  се  даночна тајна. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста