Девет месеци по членството во НАТО, Македонија без воен претставник

Полковникот Зоран Секуловски и натаму е без НАТО безбедносен сертификат и не може да замине во Брисел како воен претставник на Македонија.Алијасната се уште не го одобрува неговото назначување. Ниту министерката за одбрана не знае со каков исход ќе финишираат ригорозните проверки за кои вели дека треба време. Министерството за одбрана истакнува Шекеринска не е тоа кое ги образложува одлуките. Со претседателот Пендаровски водат консултации.

“На воено ниво навистина сме многу сериозно претставени во рамки на НАТО Алијансата и тој процес ќе го финишираме и со воен претставник. Меѓутоа има многу работи, кои не зависат само од нас. Очекувам на 15 јануари нашиот амбасадор, Дане Талески веќе да замине за Брисел и тоа ќе биде многу важно за функционирање на нашата мисија таму”.

И шефот на државата во годишното обраќање пред пратениците назначувањето на воен претставник го потенцира како една од главните обврски.Пендаровски објасни дека се работи з акомплексен процес во кој дел од воените или полициски претставници можат да останат без пристап до доверливите информации и документи на НАТО.

“Тоа е многу комплексен и ригорозен процес кој е во тек и кој во случаите на претходните приеми на држави во НАТО, во просек, дистанцирал од доверливите информации од 10 до 15% од високите воени, полициски и политички лица”, рече Пендаровски.

Македонија повеќе од девет месеци е членка на Алијансата. Ветингот во министерството за одбрана се уште е во тек. Дополнителната проверка за НАТО безбедносен сертификат го прави Канцеларијата за безбедност на северноатлантската алијанса. Сите земји членки на мора да потврдат дека одреден функционер немал контакти со држави и поединци кои го сметаат НАТО за свој противник и дека не бил инволвиран во висока корупција.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста