Дали Македонија е под безбедносен ризик – Османи нејасен

Наметнува ли македонската влада информација дека земјата е во безбедносен ризик? Шефот на дипломатијата Бујар Османи повторно ја прозва Европската Унија да го стави фокусот на Западен Балкан оти проширувањето веќе не било политичко, туку безбедносно прашање. Откако директно беше прашан дали ваквата реторика отвора простор за страв, се правда дека Македонија во моментов не е под безбедносна закана..

„Ако сфаќањето е дека европското проширување е безбедносна компонента тогаш можеме храбро и гласно да зборуваме дека, доколку сакаме да спречиме таков тип на настани како што се случува во Украина, треба брзо да се донесат одлуки, а дека тие одлуки треба да почнат од нас. Секоја смена на динамиката во регионот треба да почне од нас“, нагласи Османи.

Османи Одбегнува директно да одговори дали по изјавата на евроамбасадорот Гир кој направи паралела меѓу случувањата во Украина и она што значи односи меѓу Македонија и Бугарија, значи и дека Брисел ги прифатил бугарските барања. Министерот за надворешни работи нема ниту одговор дали ќе им предочи на бугарските челници за острата реторика која ја користи Бугарија во билатералниот спор исто како што и Русија го правеше истото за да ја оправда инвазијата врз Украина, односно додека ја осудува воената инвазија ја спроведува истата агресивна реторика кон Македонија. Наместо конкретен одговор Османи вели дека нашите позиции биле јасни и признаени кај земјите членки.

Ако во Минхен се договорија заеднички да ја известат Еврипската Унија дека ние како Македонија сме подготвени на отстапки за да се надмине спорот со Бугарија, Османи сега вели дека Унијата не била страна во спорот кој се води. Па оттука не можеле Бугарија која е членка и официјален Брисел да се договират додека не сме биле ние прашани. Секоја промена на динамиката во регионот требало да почне од нас, уверува Османи.

Оптимист бил дека до јуни може да дојде до почнување на преговорите со ЕУ , ама не сакал да прецизира датум.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста