Дали Косово е приоритет на ДУИ или на целата Влада?

Владата два дена молчи за тоа дали македонски министри кај држави членки на ЕУ лобираат за признавање на Косово.Нема информација како за членовите на македонската влада етнички Албанци ова стана приоритетно и дел од нивната агенда. Вицепремиерот Артан Груби пред неколку дена за меѓународното признавање на Косово разговараше со косовската претседателка Вјоса Османи, а изјави дека и шефот на македонската дипломатија при посетата на Шпанија ќе разговара за ова.

Алфа побара,  одговор од Министерството за надворешни работи дали овие информации се точни и која е потребата на македонски министер да лобира за признавање на друга држава. Особено имајќи го предвид ставот на Шпанија за Косово. Од МНР не одговорија конкретно со да или не. Испратија известување за агендата на Османи во Шпанија. На неа го нема признавањето на Косово. Сепак од владата нема објаснување за ваквите позиции на министрите од ДУИ знаејќи колку е потребна поддршката на сите земји членки на ЕУ вклучително и на Шпанија з анашата евроинтеграција.

Сепак во лобирањето за признавање на Косово ништо спорно не гледаат и другите партии од албанскиот блок.

„Не ја сметам Косово за туѓа држава. Во Косово жеват мои браќа, Албанци. Де факто е друга држава. Но сите ние и Албанци и Македонци во склоп на нашите можности треба да даваме придонес кон европизација на Регионот“, вели Елми Азири од Алијанса за Албанците.

Македонија го призна Косово во 2008 година како 49 земја.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста