Лејкерс во победнички ритам, Вашингтон го знае рецептот за лидерот Јута

Шампионот Лејкерс фати победнички ритам и четири натпревари е без пораз. „Езерџиите“ без Дејвис, но благодарение најмногу на Леброн го совладаа Шарлот со 116-105. „Кралот“ диригираше со 37 поени, 8 скока и 6 асистенции за 28ма сезонска победа, една помалку од лидерот Јута. Џезерите остануваат на 29, по поразот кај Вашингтон со 131-122. Едноставно немаа решение за Бредли Бил, кој броеше до 43 поени и Расел Вестбрук, кој оствари троен учинок од 35 поени, 15 скока и 13 асистенции. Од помош за Јута не беше ниту Донован Мичел со 42 коша. На останатите средби, Атланта-Оклахома 116-93, Њујорк-Орландо 94-93, Феникс-Минесота 119-123 и Портланд – ЊуОрлеанс 101-93.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста