Хаос во ГОБ „8-ми септември“: Само еден инфектолог и седум анестезиолози се справуваат со над сто пацинети секој ден

Хаос во ГОБ „8-ми септември“ . Болницата е преполна, докторите работат со последни сили и се на граница на издржливоста. Цел товар за најтешките пацинети болни од корона во овој ковид центар паѓа само на еден инфектолог и седум анесетзиолози, како што дознава Алфа, а бројката на хоспитализирани е секојдневно над сто пацинети. Се јавија и други доктори до нашата редакција. Интернистите реагираат дека тие ги лечат ковид пациентите. Велат дека товарот целосно една година паѓа врз нив.

Докторите се жалат за долгите и стресни дежурства, тешки случаи, и големиот број на пацинети – велат дека медицинскиот персонал го живее хоророт во здравствениот систем. 

И во ваква загрижувачка состојба во која се наоѓа еден од најголемите ковид центри во државата – првот човек на болницата д-р Христијан Костов никаде го нема.

Но проблемите тука не завршуваат…во болницата не работат неколку лифтови, мамографот и магнетната резонанца.

Со ист лифт се превезуваат и пациентите, и персоналот, и починатите, но и отпадот. Среде пандемија, деветкатницата на зградата во која е сместена Градската општа болница „8ми септември“, функционира само со еден лифт.

Вториот се користи само за храна за хоспитализираните, додека останатите три  се расипани. Ова ја отежнува работата не само на медицинскиот персонал туку и на пациентите – брифираат вработените за Алфа.

Директорот на болницата, Христијан Костов, како и вообичаено немаше одговор на нашите  прашања, иако за дел од медиумите признава дека има проблем со лифтовите. И самиот вели дека мака мачат поради тоа што постојано се расипуваат. Годишно вели болницата троши по 2 милиони денари само за сервисирање. Решение гледа во нов тендер за набавка на германски лифтови кои би требало да се инсталираат за најдоцна еден месец. Додека за нефункционирањето на мамографот и магнетната резонанца, вели дека ќе биле поправени утре.

Освен докторите во 8-ми Септември, револтирани и бесни се административците и дел од техничкиот персонал во болницата затоа што само тие не ја добија еднократната помош од 30 000 денари – иако цела година работат со ковид пациети. Костов им вети дека ќе ги добијат парите, ама до овој момент не гледаат ниту денар. Станува збор за 195 лица. Меѓу нив има и медицински персонал кои работат без продолжен договор, а 70 лица се без решение за работа веќе шест години.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста