Дали ќе има кризна или вонредна состојба?

Дали да се воведе кризна или вонредна состојба во држват? Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски е за првата варијанта, шефот на владејачката СДСМ, контра претседателот Стево Пендаровски, бара прогласување вонредна состојба.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, веќе неколку дена бара прогласување на кризна состојба во државата, повикувајќи се Законот за справување со кризи. Со овој закон се уредува системот за управувањето со кризи во Македонија, и тоа: организацијата и функционирањето, одлучувањето и употребата на ресурсите, комуникацијата, координацијата и соработката, процена на загрозеноста на безбедноста на Републиката, планирањето и финансирањето, како и други прашања сврзани со системот за управувањето со кризи.

-Ние од пред седум дена бараме веднаш прогласување на кризна состојба на целата територија на државата. Да свесни сме дека таков институт не постои регулиран во уставот, но затоа пак постои Закон кој регулира методологија како да се справуваме со кризините и кои институции какви ингеренции имаме. Додека пак во Уставот постои воена и вонредна состојба, но затоа пак не постои Закон и методологија како да се однесуваат институциите и постои сериозна недоверба за девијантно однесување на поедини институции, изјави Мицкоски. 

Лидерот на владејачката СДСМ пак бара прогласување на вонредна состојба во државата.

-Согласно уставот на државата член 125 и член 126, јасно е определено вонредна состојба, јасно е определено какви надлежности добива државата, немаме намера да преземаме политичка контрола на Владата, техничка контрола со министерот за внатрешни работи господинот Чулев, претставник на ВМРО-ДПМНЕ. Целта е чесна, едноставно, јасно разбирлива, подобар менаџмент со здравствената криза во државата, а исто така и со економските последици, односно можностите за поефикасно помагање на граѓаните, изјави Заев.

Додека и власта и опозицијата бараат преземање порадикални мерки, шефот на државата смета дека за такво нешто нема потреба.

 –Општ беше заклучокот дека не е потребно да избрзуваме со голо декларирање на евентуално повисоко ниво, на некои состојби како што е на пример вонредната состојба или кризната состојба на целата територија. Затоа што реков според сите проценки на надлежниот ресор и министер, опасноста дека такво нешто може да се случи не постои или ако поинаку се поставиме со некоја таква ситуација до која не би сакале да дојде, изјави Пендаровски.

 За разлика од Законот за справување со кризи, каде е јасно нотирано што се презема, според членот 126 од Уставот при прогласување на вонредна состојба практично може и ништо да не се промени во државата, односно само Владата добива овластување доколку смета да може да донесува уредби со законска сила до крајот на состојбата.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста