Пендаровски по Совет за безбедност: Нема потреба да се избрзува со кризна состојба на целата територија

Нема потреба од прогласување кризна или вонредна состојба на целата територија на државата поради корона вирусот. . Претседателот Пендаровски по Советот за безбедност рече дека заклучокот е оти не треба да се избрзува. Меркјите кои Македонија до сега ги има преземено оние кои значат вонредна состојба во други држави.  Светската здравствена организација  коонстатирала дека во соодветно се применуваат. Шефот на државата не исклучува можност да бидат воведени и други рестриктивни мерки.

Пендаровски ги повика македонските граѓани да не патуваат во земјите со висок и среден ризик и оние кои се наоѓаат таму ако немаат итна потреба да не доаѓаат во Македонија овој период.

Претседателот нема точна информација за тоа колкави резерви има државата, и единствено е запознаен дека Македонија има енергенси за четири месеци.

Пендаровски останува на ставот дека изборите треба да бидат одложени . Наспроти оној на соббранискиот спикер Џафери дека постојат правни пречки за тоа собранието повторно да се состане.

Пред седницата на советот за безбедност на ситe кои присуствуваасогласно препораките им беше измерена температура.

Градимир Марковски

Advertisements