Протест на работниците во Каст Инвест

Во еден момент останавме без работа и без плата,во петок дознавме дека фирмата се затвара и од понеделник сме невработени. Ни беше кажано да си бараме спас, раскажуваат за Алфа, отпуштените работници од Каст Инвест. Денеска се собраа пред фабриката во обид да бидат слушнати.

  • Значи Кочо Ањушев беше вицепремиер на Р.Македонија. Еве веќе втор месец нема, и наеднаш ни дадоа отказ во петокот  прекина договорт фактички. Директорот не вика да не извести наводно, Комерцијална банка, со некој си  лист мафташе, си го бара имотот и фирмата оди под стечај- објаснуваат вработените.

Во фабриката има вработено околу 110 лица, од кои 80 во производниот процес. Од таму,за Алфа, велат до последната недела работеле и прекувремено со цел навремено да се достави робата.

  • Имаме дома деца. Ние знаеме дека вирусот владее со цела Македонија. Треба да испадне фер, колку ние тука се мачевме сите ние колегите, ни вика брзајте, брзајте треба да излезат шлеперите. Значи, зошто они како Влада не не обавестат дома, ако треба дома решенија да ни дадат. Зошто дозволија да се собереме? Не, нека дојдат ќе потпишат, кој ќе му потпише нему решение плата ипол должи?- се изјаснија вработените.

Алфа ги контактираше за став и претпоставените во Каст Инвест, но тие не одговорија на телефонските повици. Не одговорија ниту на смс пораките кои им ги испративме.
Вработените тврдат дека добиле известување дека утре во 9 часот обезбедувањето во фирмата ќе им ги достави решението за прекинување на работниот процес.

Викторија Миткова

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста