Дали ДИК конечно ќе се комплетира?

Дали ДИК конечно ќе се комплетира?

На собраниската седница денеска е  точката за избор на 8-миот член на ДИК. Се очекува Абдуш Демири  предложен  од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промена да биде избран за член на највисокото изборно тело во земјата.

Комплицирањето на неговиот избор беше причина шестмината опозициски пратеници на сојузот да ја бојкотираат работата на собранието. Тие ги обвинуваа ДУИ и поранешниот собраниски спикер, Талат џафери, за кочење на постапката.

Член на ДИК се бира со дво-третинско мнозинство од вкупниот број пратеници, што значи на Демири сега неопходна му е поддршка и од владеачките партии.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста