Земјотрес со јачина од 3.1 степен во Албанија почувствуван во Дебар и околината
Земјотрес со јачина од 3,1 степен според рихтеровата скала синоќа е регистриран во Албанија во 23:37 часот по локално време, информираат од сеизмолошката опсерваторија при природно-математичкиот факултет во скопје.
Според информациите од сеизмолошката опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил на 128 километри југозападно од скопје, во соседна република албанија. земјотресот бил на длабочина од 8 километри.
Во соопштението од сеизмолошката опсерваторија при природно-математичкиот факултет се наведува дека земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од земјата, и тоа во дебар и околината, со интензитет од три степени според европската макросеизмичка скала.
Според информациите од европскиот медитерански сеизмолошки институт, епицентарот на земјотресот бил на 22 километри североисточно од елбасан и на седум километри западно од градот либражд.