Ценовните шокови ја проголтаа новогодишната еуфорија

Се ситнат часовите од 2021! Граѓаните ги прават последните подготовки за стартот на Новата година. Вака изгледа градот точно напладне..сообраќаен метеж, полни улици и кафулиња..

Продавниците се полни! Се купува храна,пијалок, алкохол. Секој сака богата прзнична трпеза..

Пари за дочеци по кафеани нема, па склопувањето на стрелките од часовникот точно на полноќ, најголем дел од граѓаните ќе го дочекат дома.

Ниските плати и високите сметки ја проголта еуфоријата, коментираат граѓаните кои се жалат дека од година во година се пооскуден станува буџетот наменет за новогодишни подароци

Многу здравје, љубов и бериќет – истите желби и очекувања  секоја година се редат кај граѓаните.

Секој за својот најблизок посакува успех и просперитет, но сите ние имаме посебни желби и надежи. Некој поголеми, некој помали.

 Годинава чудни желби пристигнале и во поштенското сандаче на Дедо Мраз. Децата најчесто бараат лаптопи, скапи телефони и играчки.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста