Парното поскапува за 14 проценти а во моментот не се размислува БЕГ да работи на мазут

Од утре повисоки сметки и за парното греење. Регулаторната комисија одлучи да ја зголеми цената на парното за 14%. Одлуката доаѓа откако енергетските компании доставија известувања за тројно повисоки трошоци. Според првиот човек на Регулаторна 13,8 милиони евра се потребни за набавка на природен гас за топланите, но тој трошок не можат да го платат само граѓаните и затоа побара разликата да ја покријат Владата, Град Скопје и скопските општини.

-Цената за парното ќе се зголеми за 14 проценти. Со оваа цена се враќаме на ниво на топлинска енергија која ја имавме во 2018,  имајќи предвид дека за 15-16 проценти ја намаливме цената на парното изминативе три години. Ние признаваме трошок од 4 милиони, но постои разлика од 9 милиони која треба да се прокрие. Потрошувачите не можат да го покријат тој трошок за природоен гас и затоа треба да се вклучат сите чинители. Владата презема чекари овој трошок како да се покрие, но апелирам до Градот Скопје и Општините да помогнат за покривање на дел од трошоците за топлинска енергија, рече Бислимовски.

Сепак од Регулаторна велат дека во моментов не се препорачува префрлање на БЕГ на мазут, иако неговите котли тоа го овозможуваат.  Сепак доколку се дојде до некоја крајна ситуација да нема природен гас или неговата цена да биде екстремно висока опцијата стои како отворена.

Граѓаните вознемирени од ваквиот ценовен шок велат дека ќе следи тежок период особено што на старот на новата година покрај парното ќе плаќаат повисоки сметки и за струјата.

Од опозицијата реагираат дека во услови кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, кога цените на производите во маркетите пораснаа до небо, сега се испорачува ново поскапување кое ќе удри по џебот на народот, а неспособноста на власта треба да ја плаќаат граѓаните.

Инаку регулаторна веќе одлучи дека од утре па во следните шест месеци цената на струјата ќе биде зголемена за 9,48 отсто, а се укинува и дневната евтина тарифа.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста