Четири месеци казна затвор за професорот од Струга кој претепа ученик

Четири месеци казна затвор на професорот по англиски јазик Ерол Спахо којсо метален предмет физички нападна ученик од струшката гимназија “Ибрахим Темо.” За скандалот кој што се случи лани, на крајот од месец декември,Основното јавно обвинителство го товари долгогодишниот професор за сторено кривични дело насилство и тој останува во притвор до правосилноста на пресудата. Неговиот адвокат вели дека не е задоволен од изречената  4-ри месечна затворска казна и најавува желба против пресудата.

Доказите што се изведени во текот на главната расправа го докажуваат сосема спротивното.Доказите не се објективно оценети, што значи дека обвинетиот професор не е виновен за кривичното дело насилство – изјави Сеад Мена – адвокат.

Од пресудата не се задолни нити од семејството на нападнатиот ученик Анди Жута.Тие ќе ја обжалат изречената пресуда бидејќи очекувале повисока затворска казна. Во меѓувреме,додека 58 годишниот професор притвореничките деновите ги минува зад решетки, управата на струшката гимназија го суспендира и тој повеќе нема да предава англиски јазик.

На главната расправа обвинетиот професортврдеше дека на инцидентот му претходела вербална расправија со мајката на ученикот која исто така е професор во училиштето.Инциденот се случил во професорскиот тоалет каде според тврдењата на обвинетиот, тепачката ја започнал ученикот кој со тупаница го удри по челото,по што тој го извадил боксирачот со цел да го заплаши,замавнал, но боксирачот –како што рече, завршил во главата на ученикот.

Професорот тврдеше дека боксирачот никогаш претходно не го употребил,но повремено го носел со себе за лична заштита.

Инаку по инцидентот кој ја вознемири јавноста, директорката на училиштето тврдеше дека ова не е негов прв инцидент и дека испадите на долгогодишниот професор ги пријавувале до сите надлежни институции. Учениците пак ја бојкотираа наставата протестирајќи пред струшкиот основен суд.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста