Бројот на заразени во Тетово се поголем, граѓаните пак, се поопуштени

Бројот на заразени со Ковид 19 во Тетово секојднево расте, граѓаните пак,се се повеќе опуштени.Мерките како да не важат во овој град-пред банките испоседнати еден до друг, градот е преполн со луѓе, дури се пие и кафе во некои помали угостителски објекти.

И граѓаните се свесни дека  мерките не се почитуваат, и самите признаваат дека грешат.Во однос на најавите за можен полициски час за престојниот викенд, кога е празникот Бајрам, муслиманските верници, сметаат дека не треба да има ограничување на движењето.

Групирањата и собирањата, прво во џамија, па после и по роднини и пријатели, е токму еден од адетите за Рамазан Бајрам. За споредба, Турција за празникот воведе четиридневен карантин, слично како што беше кај нас за Велигден, минатиот месец.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста