Блокирана работата на македонско – бугарската историска комисија

Блокирана работата на македонско – бугарската историска комисија

Македонија и Бугарија да заборават на историјата,бидејќи и двете земји не се зрели и подготвени да разговараат на таа тема.Време е официјална Софија да заборави на исполнување на националистичките соништа, порачуваат членовите на мешовитата македонско-бугарска комисија кои пак отворено зборуваат дека комисијата веќе не дава никакви резултати и дека нејзината работа е целосно блокирана.

 Ќе мора таа комисија да се преосмисли,да се најде друг начин да се подобри нејзината методологија за да може таа да дава резултати.Но ја сум песимист дека воопшто може да се случи нешто такво со оглед на тоа колку е историјата злоупотребена од страна на политичарите -вели Петар Тодоров,македонски член на комисијата 

 “Но тука одговорноста прво лежи во политичкото влијание, односно во оние кои ги поставиле овие луѓе во овие комисии, а потоа и на оние кои извршуваат такви наредби,тие се лојални на политичките трговци. Особено за бугарската страна од комисијата, главниот акцент на нивната работа е да не се направи отстапка за ништо.Да не се признава бугарска одговорност и да не се идентификува бугарска грешка“-вели Димитар Атанасов од Бугарска академија на науки

Mакедонско-бугарската комисија за историски прашања е лош пример за нефунционалност,по изборите во двете земји неоходна е промена на политичките елити,посочуваат експертите.

„Сега имаме едно затишјед Софија речиси и да нема никакви сигнали. Тоа се должи на тоа што Францускиот предлог е прифатен и што практично ја префрли топката на Македонија, каде се очекува решение од македонскиот политички врв. Во прво време се ќе зависи од тоа како ќе биде решено прашањето со внесувањето на Бугарите во Уставот.И мора да се бара решение во рамките на оваа правна рамка“-вели Стефан Дечев,универзитетски професор од Бугарија

  Владите кои ќе бидат формирани во двете земји ќе треба да најдат начин да не речам еден ресет во односите, но ќе треба да најдат една нова реторика која ќе води кон просперитет, бидејќи видовме дека до сега тешко одеше дијалогот и меѓу политичките елити и во историските комисии-вели Андреј Лепавцов,Претседате на Паневропска унија на Македонија

Ќе биде потребно да се почека какви ќе бидат владите кои ќе се формираат во Македонија и Бугарија и начинот на кој ќе се обидат да ги надминат проблемите. Би сакал да видам нов дискурс по изборните процеси во двете држави-завршува Лепавцов.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста