Одбележани 20 години од загинувањето на десетте бранители кај Карпалак – борците се уште чекаат споменик

20 години тага и непробол, свежи сеќавања за десеттемина армиски резервисти, кои загинаа на денешен ден кај Карпалак, за време на конфликтот во 2001-та. Банкината на автопатот Тетово – Скопје и натаму е единственото сведоштво за погибијата на бранителите. Ацо Јовановски – Реган, еден од преживеан во масакрот, низ созли се сеќава за кобното утро. Жали што терористите добија многу повеќе, отколку оние кои ја бранеа државата.

На Карпалак има само една спомен плоча. На неа се испишани имињата на загинатите. Постојано се оштетува. Најмалку што заслужуваат хероите е споменик наместо плоча,велат бранителите.

Денеска кај Карпалак, се положуваше свежо цвеќе. Присутни беа бранители,поранешни резервисти, преживеани во маскрот,пратеници од опозицијата, но, никој од повисоките државни власти.

Армискиот конвој со преку 100 резервисти, кој требаше да изврши смена и да однесе опрема на воените единици во Тетово,беше пресретнат и нападнат во заседа утрото на 8 август. Загинаа десет армиски резервисти, сите од прилепскиот гарнизон.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста