Артан Груби сака да биде инфлуенсер – купува „лајкови” на социјалните мрежи

Кристина Алексиеска

Купени срценца и палци нагоре за Артан Груби од Пакистан, Виетнам, Ангола, Замбиjа. Министерот Артан Груби од редовите на ДУИ изгледа станува инфлуесер. За него е познато дека ужива во себепромоција на социјалните мрежи, и затоа почна да добива илјадници „ лајкови“ , но не само од негови и поддржувачи и симпатизери на ДУИ туку и од азиските земји. Познато е дека фејсбук ја дава можноста да се купат лажни лајкови, па се отвора прашањето дали Груби во предизборието сака да покаже некакво влијание. Над 5 илјади лајкови доби на објавата со фотографија од настанот каде беше промовиран Бујар Османи за претседателски кандидат каде напиша „Али Ахмети ја имаш светлината, не за Европа да за Русија“ , ама голем дел од поддржувачите не се ни од Македонија.
Груби се правда дека ова е „местенка“ . Тој за Алфа посочува дека ова намерно му го прави албанската опозиција исто како што се случило со Касами за време на телевизиско гостување кога имал илјадници лајкови од Азија.

-Тоа беше на 13-ти февруари и тогаш сите медиуми го објавија тоа. Истото се обидоа да го направат кај мене за да ме наместат , вели Груби за ТВ Алфа.
После „срценцата“ Груби постојано објавува некаква порака до оние што наводно купуваат лајкови во негово име. Вели ги сакал сите освен русофилите од опозиција, дури и упати поздрав со стих од песна.
Лајковите од Пакистан и Замбија не одат преку Фејсбук туку преку надворешна апликција па не е ни чудо што на социјалната мрежа потрошил само околу 1000 долари откако го отворил профилот.
Од друга страна, познато е дека власта не жали пари на инфлуенсерство. Поранешниот премиер Димитар Ковачевски за себепромоција трудејќи се да покаже дека е само обичен човек кој јаде тостови во локална сендвичара, сендвич со мортадела во фабрика, доручкува во студенски дом потрошил 93 465 евра за 1. 447 реклами кои ги платиле од СДСМ. Тој дополнително сам потрошил 26 593 евра за 249 реклами .
Вицепремиерот за економски прашања пак Фатмир Битиќи за да биде повлијателен на фејсбук потрошил 8.366 евра.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста