Анкетната комисија за онкологија утврди политичка одговорност за Филипче, Васев и неколкумина други

Анкетната комисија за онкологија утврди политичка одговорност за Филипче, Васев и неколкумина други

Венко Филипче, Нино Васев, Нехат Нухи, Ирина Сотирова-Бухова, како и кај екс-директорите на ФЗОМ, Стево Крстевски и Фатон Ахмети  се главни виновници кои треба да понесат политичка одговорност за аферата на Онкологија. Претседателката на Комисијата Рашела Мизрахи, детално ги образложи прекршените закони и подзаконски акти на овие шест функционери.

Заклучоците на Мизрахи, предизвика кавга помеѓу пратениците. На членовите не им се допаднаа имињата кои беа предложени, од СДСМ ја обвинија претседателката дека ја злоупотребила комисијата и прочитала заклучоци што се нејзини а не на ова собраниско тело.

Пратениците на СДСМ наместо заклучоци, наведоа барања за вистината да излезе на виделина. Побараа оставка од Мизрахи. А меѓудругото, се правдаа дека за скандалот на онкологија виновен е системот кој 30 години наназад има слабости, а никако не е Филипче во чие време првпат била набавена биолошката терапија.

Мизрахи преку хронолошки детален извештај за работата на клиниката за Онкологија сакаше да ги поткрепи заклучоците дека политичка одговрност треба да има за шестте владини и здравствени функционери.

Заклучоците на пратениците од власта и од опозицијата се како ден и ноќ. Дали тие ќе успеат да се согласат, останува неизвесно.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста