Чебрен, МЕПСО  и на крајот преземање на бизнисот од ЕВН  – Грците фрлија око да го земат македонскиот енергетски пазар

Чебрен, МЕПСО  и на крајот преземање на бизнисот од ЕВН  – Грците фрлија око да го земат македонскиот енергетски пазар

Грчка инвазија на македонскиот електроенергетски систем ? Грците сериозно „ фрлија око“ на македонските капацитети . Покрај тоа што сакаат да градат хидроцентрали, сакаат и да ја продаваат струјата на малите потрошувачи и домаќинствата.

На неколку часа пред истекот на рокот за потпис на договорот за Чебрен ,најголемата хидроцентрала, се уште не знаеме што ќе се случи . Вчера беше последниот работен ден, а грчката компанија не го стави потписот , од нашето Министерството за животна средина велат ќе чекале додека не „ чукне “ и последниот час , случајно ППЦ- Архиродон да не го пратиле договорот по пошта па да доцни пратката.  Експертите откако беше доделен тендерот се согласни дека не треба да се даде изградбата во туѓи раце. Македонските инженери се обратија и до Претседателот Пендаровски . Сепак можноста да пропадне договорот не е од македонска иницијатива

Не само Чебрен , по овој тендер, грчкото електростопанство го „ мерка “ бизнисот“ со струја за домаќинствата и малите потрошувачи.  Компанијата ЕДС, која е во сопственопст исто на ППЦ со кој се преговара за Чебрен, веќе пет години по потпишување на Преспанскиот договор ,  е сериозен конкурент за нов универзален снабдувач . Инаку,  според системот за јавни набавки,  ЕДС и годинава  „ лапна “ голем дел од тендерите за снабдување со електрична енергија  на јавните претрпијатија и општините во Македонија . Од Илинденска тврдат немало грчка инвазија , туку сме биле отворена економија .

Државните електрани пак размислуваат блок 1 во РЕК Битола да го дадат на странски партнер, а кандидат и за ова се шпекулираше дека е грчка компанија .  Претходно, грчките медиуми повикувајќи се на македонски извори , пишуваа дека операторот ИПТО подолго време преговарал со Владата во Македонија и испратиле и понуда за купување на операторот МЕПСО .  Од Владата  тогаш кажаа оти секој може да е заинтересиран за што сака, ама МЕПСО не бил на продажба , и дека планот за продавање бил шпекулација .  

Доколку се оствари се ова, очигледно е дека Македонија ќе стане енергетски зависна од Грција . Во моментов знаеме дека надзорот на гасоводот што ќе ги поврзе Македонија и Грција му е доверен на грчкиот оператор Десфа , кој една третина е во сопственост на грчката Влада, што значи од една страна ќе биде консултант, а од друга ќе го гради гасоводот.  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста