Ако се формира техничка влада нема одложување на изборите

Набрзина дури 40 закони ќе бидат изгласани на утрешната собраниска седница. Власта и опозицијата се договорија законите од областа на финансии, социјала и здравство да се протуркаат утре, ама запнаа на законот за одбрана и оној за опојни  дроги со европско знаменце. ВМРО-ДПМНЕ децидни , поддршка за закони во корист на граѓаните кои предвидуваат макар и минимално покачување на плати и пензии ќе поддржат, ама закон за дроги никогаш.

–  Заев и неговата криминално-рекетарска банда се обидуваат на мала врата, на скриен, на шверцерски начин под завесата на овие неколку други закони да го прошверцуваат така речено овој закон и ги ставаат во една ситуација 2 милиони граѓани на Република Македонија во ситуација на заложништво. Тоа нема да го дозволиме  и тоа нема да помине, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Од СДСМ препознаа „ситно политиканство“, па  денеска ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат законите влучително и тој за одбрана.

– Свесното блокирање на Законот за одбрана, Мицкоски и неговите пратеници во Собранието значи кршење на Уставот, загрозување на остварувањето на децениска стратешка цел – членството на Република Северна Македонија во НАТО, изјави пратеникот од СДСМ Хари Локвенец

Премиерот Заев вчера и се  закани на опозицијата , ако важните закони не се изгласаат, оставка на 3 ти јануари, нема . Џафери  објасни ако Заев не се повлече изборите ќе се одложат.

„Не е можно да се одложат изборите откако ќе се формира техничката влада, затоа што таа влада според Пржинскиот договор е со краток мандат за да ги организира изборите, а не да се продолжува нејзиниот рок“, изјави Претседателот на собранието Талат Џафери.

Последните денови од оваа година ќе го дадат одговорот, дали Македонија на 12 април ќе избере нова Влада. Лидерски средби се закажани во сабота. Мицкоски ќе се консултира со Заев и Ахмети.

Елена Марковска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста