Стана ли непотизмот дел и од инстуцијата која треба да санкционира?

Се шири ли непотизмот и помеѓу антикорупционерите, кои што се задолжени за нејзино спречување?… Во документот кој излезе во јавност ќерка на Софија Пејовска Дојчиновска, член на антикорупциска е пратена како советник во Постојаната мисија на Македонија при ЕУ во Брисел.

Според информациите кои излегоа во јавност во рок од само 6 месеци… Неда Дојчиновска е унапредена на јавен оглас од помлад соработник во раководител на одделение и веднаш е распределена во Брисел.

Антикорупционерката пак тврди дека огласот по кој е избрана нејзината ќерка е исправен и отфрла било каква вмешаност во унапредувањето на Неда Дојчиновска.

Претседателката на антикорупциска рече дека за овој случај ќе бидат побарани податоци.. и дека допрва ќе се утврдува дали има непотизам во овој случај..

Последен пат антикорупциска одлучуваше за судир на интереси во случајот на Вицепремиерот со литиум-јонските акумулатори, каде што беше утврдено дека Анѓушев активно учествувал во носењето на владината одлука за укинување на царината за литиумските акумулатори, од што директен интерес имала фирмата „Брако“, во која Анѓушев има сопствеништво, Анрикорупциска си останува на ставот дека постои судир на интереси.

Инаку, денеска антикорупциска ја усвои нацрт стратегијата за ризици од корупција во која за прв пат се вклучени..Медиумите и земоделството.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста