Во сабота средби на Мицкоски со Заев и Ахмети за техничката влада
Во сабота во 17 часот во зградата на македонската влада ќе се сретнат лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев, дознава Алфа од извори во двете најголеми македонски партии.
За во 1930 истиот ден се очекува да се случи средба и меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
За оваа средба се уште нема точна локација.
Темата на двете средби ќе бидат деталите за формирањето на Техничката влада и кадровските решенија кои од 3 јануари ќе бидат дел од владата која ќе ја води државата до 12 април кога се закажани предвремени парламентарни избори.
Премиерот Заев повика на предвремено гласање откако во октомври неговата влада доживеа колапс на самитот на ЕУ во Брисел кога Македонија не доби датум за преговори.