Нова рунда од дијалогот Белград-Приштина

Нова рунда од дијалогот Белград-Приштина

Делегацијата од Белград ја предводи директорот на канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ. Петковиќ рече дека ќе има разговори на техничко ниво за сите прашања важни за деескалација, вклучително и заедница на општини со мнозинско српско население и укинувањето на динарот.

„Темата секако е таа но и други важни прашања за деескалација, а во рамките на нив, пред се, прашањето за динарот и забраната Србите да земаат плати, пензии во Косово, и се тоа води до хуманитарна катастрофа, изјави петковиќ. Претходната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел се одржа на крајот на февруари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста