Блинкен се надева на договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

Блинкен се надева на договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

Американскиот државен секретар Антони Блинкен оваа недела ќе го посети Блискиот Исток, соопшти Стејт департментот.Неговата посета е во рамки на напорите на Вашингтон да посредува за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Газа за да се овозможи ослободување на заложниците земени од палестинската милитантна група.

„Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази надеж дека ќе биде договорен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, како и ослободување на заложниците кои ги зеде палестинското исламистичко движење во нападот врз еврејската држава на 7 октомври“,соопштија од Стејт департментот.

Тој предупреди дека „100 отсто“ од населението на Појасот Газа е во „ситуација на сериозна несигурност и недостаток од храната“.

Блинкен ќе ги посети Саудиска Арабија и Египет и ќе се сретне со високи претставници на двете земји.Обезбедувањето поголема хуманитарна помош за Газа, како и разговорот за повоениот план за енклавата, ќе бидат меѓу темите за кои ќе разговара со саудискиот и египетскиот функционер.Блинкен моментално присуствува на самитот за демократија во Јужна Кореја и ќе се сретне со министерот за надворешни работи и со претседателот на Филипините.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста