Болните од рак без имунолошка терапија

Повеќе од две недели нема имунолошка терапија за болните од карцином на скопската Клиника за онкологија. Дел од нив во изјава за Алфа велат дека никој не им кажува кога ќе ги добијат лековите кои можат да им го спасат живтот.

„Овој вид на терапија може да се задоцни најмногу 7 дена, а јас веќе 14 дена како доцнам со примањето“, вели пациентка со оперирана од рак на дојка.

Од Клиниката велат дека проблемот бил во тендерските постапки. Имунолошката терапија во форма на инјекции се прима по препорака на онколог, по завршувањето со хемо или зрачна терапија.

Пред три недели и во извештајот на Државниот завод за ревизија имаше забелешки токму за набавките на биолошката терапија. Се делела без медицински протоколи и без одлука на стручен колегиум.  Претходното раководство на Клиниката оваа терапија ја купувало од еден набавувач, на реверс, без одобрени средства од Фондот за здравство, посочија ревизорите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста