„СЕВЕРНА“ историја- пробен балон или вистинска промена како ќе гледаме на македонското минато

Непромислен потег да им се удоволи на Грците и Бугарите или пробен балон со кој јавноста треба да се подготви за нови отстпаки. Засега официјално сите бегаат од наводната иницијатива- историјата на Македонија да стане историја на Северна Македонија.

Драги Ѓорѓиев, директорот на Институтот за национална историја и прв преговарач за историјата со Бугарија, човекот кој беше посочен како еден од творците или голем поддржувач на предлогот, за кој според нашите информации расправала Комисијата за изготвување на нова класификација на научните и образвоните области и полиња според Фраскатиевата меѓународна класификација, тврди дека станува збор за невистина и целосна дезинформација. Во исто време, Ѓоргиев тврди дека не знаел за што разговарале. На прашањата дали е информиран за што разговарале или дали можеби има записник од Комисијата од Ѓоргиев добивме само краток одговор.

-Не, ние не добиваме такви записници, кратко ни одговори Ѓоргиев.

Со цел да ја дознаеме вистината повторно решивме прашање да поставиме до еден од членовите на Комисијата, историчарката Билјана Ристовска Јосифовска, која беше посочена дека го турка овој предлог, со поддршка на Ѓоргиев. Поставивме конкретни прашања, но одговор се уште не добивме.

-Дали може да ни кажете што беше вчера тема на разговор на состанот на Комисијата за изготвување на нова класификација на научните и образвоните области и полиња според Фраскатиевата меѓународна класификација?

-Дали може да го добиеме записникот од состанокот на Комисијата?

Инаку според информациите на Алфа, телото со компликувано име има предлог историјата на Македонија да стане историја на Северна Македонија. Според нашите информации во предлог – верзијата која е пред Комисијата воопшто нема област историја на македонскиот народ, а ако биде прифатена, тогаш македонската историја од средниот, новиот век и така натаму би станала историја на Северна Македонија во сите историски периоди, со што дефакто би станала географска, а не национална историја на Македонците.

Од друга страна нашите извори откриваат дека оваа комисија подготвила и предлог да биде воведена област историја на албанскиот народ. Со оглед на тоа што никој ниту демтира, ниту потврдува, ниту пак кажува за што се разговарало на состанокот зад затворена врата во предавланата 61 на Земјоделскиот факултет, се поставува прашањето дали се ова претставува пробен балон за пулсот на граѓаните на оваа тема, по што евентуално овој предлог би бил јавно објавен.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста