Помалите коалициони партнери во Владата против Францускиот предлог

Помалите коалициски партнери во власта не го прифаќаат францускиот предлог и го условуваат премиерот дека само со суштински корекции би дале зелено светло.

Демократски сојуз на Павле Трајанов инсистира преработка на преговарачката рамка и од неа да се отстранат билатералните прашања наметнати од Бугарија, дополнително бара и уставните промени да бидат решени реципрочно, Бугарите во Македонскиот устав а Македонските во Бугарскиот.

Посебно нагласуваме дека не сме да се  прифаќаат разговори за Македонските ревулуционери кои се во кодот на секој Македонец, како што се Гоце Делчев, Јане Санданки, Дамјан Груев и други револуционери. Да се прекинат било какви дискусии за заедничко славење на Македонските национални празници, Илинден итн. Четврто, македонскиот идентитет и македонскиот јазик под никакви услови да не се оспоруваат и загрозуваат, а историските и образовните прашања, како и говорот на омраза и отворањето на досиејата за прогонувани лица од комунистичкиот режим, да биде на реципрочна основа. Во Преговарачката рамка, годишните прегледи, Акцискиот план и протоколите, не смее да се прифатат решенија кои и овозможуваат на Бугарија да се меша во внатрешните работи на Македонија“- рече Павле Трајанов.

Доколку  Европската унија нема разбирање за македонските позиции, тогаш да се отфрли овој модициран Француски предлог, бара Демократскиот сојуз и апелира да се отвори широка  и транспарентна дебата во јавноста, да се соберат сите сугестии и предлози, па собранието да донесе заклучоци со консензус

На иста линија е и партијата на Морачанин, ДОМ. Од таму додаваат дека на историја и образованието не им е место во преговорите со Унијата, а таквиот процес никогаш не би завршил.

„Незамисливо е членка на ЕУ да негира јазик, бидејќи во основите на Унијата се вредностите на почитување на јазиците, националностите и сите вредности поврзани со човекот кои се нејзиното богатство. Наш предлог е Владата самата да не ја носи одлуката, туку тоа да му го препушти на Собранието на Македонија и пратениците да можат да дискутираат и да предложат заклучоци“, вели Морачанин.

Освен Демократски Сојзу и ДОМ, и ЛДП на Милевски инстистирале предлогот да се објави преведен на македонски јазик и да биде достапен за сите бидејќи како што велат не е лесно конкретни и многу специфични правни формулации да може секој да ги разбере на англиски јазик.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста