Мицкоски: Ковачевски да го одбие предлогот, а јас ќе се повлечам од барањето за предвремени избори


Deprecated: Implicit conversion from float 1714260449.588892 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Опозицијата со конкретни барања, власта без одговор.  Лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски заврши без договор за Францускиот предлог. Мицкоски побара од Ковачевски да каже „НЕ“ за таканаречениот модифициран предлог, а за возврат ќе се откаже од барањето за предвремени парламентарни избори

 Втората опција која Мицкоски ја ставил на маса е дека ако навистина Ковачевски верува дека е обезбеден идентитетот во делот од заклучоците од првата меѓувладина конференција да се избришат членовите 11 и 14 и две точки од Преговарачката рамка кои се однесуваат на протоколот на првата меѓувладина конференција

„Му предложив да се избришат членот 11 и членот 14 од Протоколот, а потоа во преговарачката рамка каде имаме принципи врз кои се водат преговорите да ги избришат членовите каде се годишните прегледи и делот каде се повикуваат на протоколот на првата меѓувладина конфенреција. Нека ги избришат ако ова обезбедува европска иднина, еве нека ги тргнат овие четири точки. Нека останат Копенхагеншките критериуми како за сите земји, рече Мицкоски.

Наместо одговор, од Ковачевски повторно само уверување дека  предлогот е далеку поповолен за нас, а македонскиот јазик  бил чист без никакви фусноти. Тој уверува дека отворените прашања со Бугарија требало да бидат решени на билатерална основа и не се дел од преговарачката рамка.  Ковачевски истакна и дека дел од коалиционите партнери одговориле позитивно за предлогот. 

-Во однос на тезите кои беа поставени, тие не задираат во третманот на македонскиот јазик ниту идентитетот. Тоа е мултилатерален документ кој е усогласен. Во однос на уставните измени, сите партии имаа свои изјави во изминатиот период, други ги менуваат. Нашиот Устав предвидува дека граѓани кои се самоопределуваат на друг начин можат да се дел од Уставот. Сметам дека сите пратеници треба да го прифатат менувањето на Уставот, рече Ковачевски.

Ако во Брисел, Ковачевски кажа „НЕ“ поради тоа што го послушал гласот на народот, сега во однос на револтот на граѓаните повикува на рационално размислување со „ладна глава“.  Инаку , ова беше  прва лидерска средба помеѓу  Мицкоски и Ковачевски откако е во функција на Премиер како дел од консултативниот процес кој го отвори Владата за францускиот предлог.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 174