Власта не смета дека треба самоизолација за вакцинираните и прележаните

Здравствените власти пресекоа вакцинираните и прележаните да не добиваат решенија за самоизолација, но лекарите предупредуваат дека не смее да има опуштање. Вакцинираните лица кои имале контакт со позитивен на Ковид 19 мора да бидат претпазливи, контактите да ги сведат на минимум и дури и во своите домови да носат маски – предупредуваат лекарите.  .Целосно вакцинирани лица кои стапиле во контакт со заразен, би требало да се тестираат помеѓу 4-от и 7-от и во меѓувреме да држат дистанца и носат маска – вели др. Илчо Ефковски специјалист по трудова медицина.Здравствените власти пресекоа вакцинираните и прележаните да не добиваат решенија за самоизолација, но лекарите предупредуваат дека не смее да има опуштање. Вакцинираните лица кои имале контакт со позитивен на Ковид 19 мора да бидат претпазливи, контактите да ги сведат на минимум и дури и во своите домови да носат маски – предупредуваат лекарите. 

Целосно вакцинирани лица кои стапиле во контакт со заразен, би требало да се тестираат помеѓу 4-от и 7-от и во меѓувреме да држат дистанца и носат маска – вели др. Илчо Ефковски специјалист по трудова медицина.

Дека вакцинираните и прележаните сепак може да го пренесуваат вирусот, постојано предупредуваат лекарите, а тоа го покажуваат и извештаите на Министерството за здравство, од каде велат дека е голем бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19.

Од 6 август до 21 октомври 2021, позитивни на Ковид-19 биле 42.945 граѓани, од нив 26 отсто биле целосно вакцинирани, односно 11.253 лица, покажува анализата на Министерството за здравство, од каде што појаснуваат дека за вакцинирани се сметаат лица кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина – стои во анализата на МЗ.

Според статистика за изминатиов период, 74 отсто од позитивните на Ковид- 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 76 проценти, додека само 24 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Анализата покажува, дека смртноста кај вакцинираните е драстично помала. Во период од 6 август до 2 октомври годинава, на територија на државата од Ковид-19 починале 1506 лица од кои 1246 пациенти, не биле вакцинирани. Само 260, односно 17 проценти примиле вакцина.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста