Започна вакцинацијата во Тетово,уште првиот ден бројни граѓани не се појавиле за да се боцнат

Со непојавување на закажаните термини започна вакцинацијата во Тетово на лицата постари од 77 години. До околу 12 часот, од 40-тина пријавени, дури 15 не дошле за да примат вакцина.Дали се работи за откажување поради страв или друга причина, лекарите не знаат.Но, имаше и граѓани кои со нас споделија дека не се плашат и едвај го дочекале денот, да примат вакцина против Ковид.

Денеска како за прв ден од вакцинацијата,имало 80 термини за боцкање,а од понеделник очекуваат во пунктовите на Здравствениот дом дневно да вакцинираат и до 160 лица.

Од идната недела очекуваме бројката да се дуплира.Пунктот ќе работи од 8,00 до 20 часот, значи ќе работиме во две смени-вели Борислав Јоргаќиески, директор на Здравствен дом во Тетово.    

За Тетово се обезбедени 800 дози на вакцини.Колку пак, граѓани се пријавиле за да примат, во Здравствениот дом немаат точни информации.Не се знае ниту што ќе се случува со оние лица,кои не дошле во својот термин,за да се вакцинираат.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста