Црковно земјиште во Струга е отстапено за да биде спортско игралиште, но од градење абер нема

Соживотот помеѓу децата од различна етничка припадност нема цена,нивното другарство не може да се купи, наводносо изградба на затворено спортско изгралиште во центарот на Струга.Мештаните кои се спремни симболот на заедништвото да го бранат и со протести, се соменеваат дека на оваа атрактивна локација со површина од околу 5.000 метри квадратни ќе никне објект во кој најмалку ќе се спортува.Или ќе се игра комар,или ќе биде велат уште една сала која преку ноќ ќе стасне ресторант за свадби.Локацијата припаѓала на струшката епархија на МПЦ.

  • Се работи за изградба на според нас нелегален објект,затоа што со изградба на овој објект се узурпира црковно земјиште кое што му припаѓа на народот.Првичен муабет како што слушнавме, црквата би зараборувала 12.000 денари кирија месечно, што не може да ги задоволи апетитите ни за резервни гуми за мерцедесот, а не пак за не знам што друго со тие пари. Така што мислиме дека во иднина ова ќе прерасне и во нешто друго.Во што? Коцкарница,тоа е актуелно кај нас-речеАнгел Јовчески-жител на Струга.

После воениот конфликт во Македонија во 2001-ва,на општо задоволство на сите, градот покрена иницијатива на имот кој црквата го остапи на општината со пари од УНДП да се направи игралиште.Се’ до тој момент намерите беа чесни-раскажува Симе Ангелоски, кој своевремено беше и советник во гратскиот Совет.Еден од условите во проектот со кој се аплицирало за странската донација било и месното население да учестува во изградбата на игралиштето.

Е црквоен имот, меѓутоа црквата не превзеде воопшто ништо после ископот на гробиштата да го уреди просторот.Значи ИОМ и локалната заедница го направија овој чекор, сега како сопственик црквата веројатно  има право да управува, меѓутоа ние имаме овде вложено свој труд. 20-тина % некаде од вредноста на објектот мораше да го приложиме ние како локална заедница.Бидејќи ние финансиски не бевме моќни тоа да го направиме, го направиме со работна сила-рече Симе Алексиески.

Некогаш запуштениот простор на старите струшки гробишта на кое се собирале кучиња,се оплемени и откако стана единствено слободно игралиште на кое доаѓале деца од цела Струга,сега добива друга намена,без да се прашаат мештаните-на 5 до 10 метри од куќите ќе се прави барем според пректот затворена спортска сала.

  • Одговорноста треба да си ја сноси дали општината или инвеститорот да престанат со ова што се прави вака, затоа што е нечовечки-вели Назми Јакупи –жител на Струга.

И додека мешатаните бараат одговорност, од општина Струга велат дека Советот на општината го изгласал барањето на Црковниот одбор да се гради затворено спортско игралиште  на локација кога до 2017-та била соптвеност на државата,за потоа да и се врати на МПЦ.Од струшката епархија велат се ‘ е легално,инвеститорот кој го зел просторот на користење,веќе добил и правосилно решние од страна на општината.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста