Јаболкоберот во Преспа започна, пари за штетите ‘се уште нема

Традиционалниот јаболкобер на верскиот празник Крстовден, денеска започна во Преспа, меѓутоа, овоштарите од Долна Преспа не се офајдија со ветените пари од штетите што го зафатија овој регион со големо невреме во јули минатата година, кога покрај овоштарниците, штети претрпеа и повеќе објекти. Овоштарите велат дека парите се сега потребни заради големите трошоци при бербата, меѓутоа, од ресорното министерство денеска стигна абер дека пари може да очекуваат дури после ребалансот на буџетот.

  • Во моментов се одвиваат следните административни  постапки. Тука е вклучена и Општината ресен каде се изготвуваат решенијата. Во следниот период очекуваме преку Министерството за финансии да бидат исплатени сите средства. Сега, знаете се подготвува ребалансот и после него да дојде до исплатата- рече заменикот министер за земјоделие Трајан Димковски. – Во моментов, на овоштарите најпотребни парите им се сега во октомври,а ребалансот не знаеме кога ќе биде и што ќе се случи потоа. Доколку е можно, најдобро е сега да има исплата- рече Љубе Пампулевски, претседател на Здружението на преспанските овоштари.

Сепак, арен абер доаѓа од Русија, каде годинава преспанското јаболко според тамошните услови за квалитет ќе може директно  да се продава без било какви бариери и  посредувања од Србија, а овоштарите велат дека се спремни за тие предизвици.

  • Нема никакви бариери , с`е ќе се одвива во законски рамки и директно ќе купуваме од вашата земја. Не мислам дека постои потреба да одиме на некакви незаконски шеми- рече рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.- Ние сме спремни да одговориме за рускиот пазар со нашето квалитетно јаболко и да се надминат претходните абриери со реекспорт на нашето јаболко преку Србија и годинава очекуваме да нема проблем со продажбата на јаболката- рече Пампулевски.

Инаку, откинувањето на првото јаболко, симболично беше одбележано во овоштарниците на “Агроплод“, а на свеченоста беше речено дека годинава се очекува реколта од 120. 000 тони јаболка, за кои, во моментов во побарувачката се нуди добра цена од 15 денари по килограм.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста