Тури-претури со парите во Буџетот за да се обезбедат пари за плати и пензии

Владата  го скрои покачувањето на платите. Ќе се крати на капитални инвестиции за да се обезбедат пари за покачените функционерски плати како и за зголемување на платите во јавниот сектор и исплата на К-15  –  Со заобиколување на редовната собраниска процедура Владата ја усвои Одлуката за прераспределба на средства во Буџетот, со оправдание дека наскоро ќе следувал Ребаланс. Министерот за финансии се правда дека со оваа прераспределба не се зголемувал  дефицитот и  ќе остане на ниво од 4, 6 од БДП , а за во таа математика да успее владата ќе крати на едно и ќе додава во друго .

Прилагодувањата се направени преку реалокација на средствата од позиции каде има послаба динамика и каде процесите дозволуваат да се направат прераспределби, кон позиции каде преземавме обврски – како покачување на платите во јавниот сектор и исплата на К-15, ново покачување на пензиите за пензионерите, повеќе средства за социјална помош, за набавка на лекови, за субвенции за земјоделците, како и за деветиот пакет на антикризни мерки кој Владата наскоро ќе го објави. Направени се прилагодувања кај некои од капиталните проекти согласно тоа што го дозволува динамиката на нивната реализација, при тоа напоменувам дека не се отфрла ниту еден капитален проект, како и дека капиталните расходи остануваат на повисоко ниво од буџетскиот дефицит, односно согласно златното правило во финансиите – да се позајмува само за инвестиции и развојни цели – истакна Бесими.

720 милиони денари ќе се одлеат од државната каса за покачување на платите на 1.000 функционери , 3 милијарди денари се потребни за платите на вработените во јавниот сектор вклучувајќи ги и парите за годишен регрес , 3,5 милијарди за пензии за да се реализира покачувањето од 6 отсто . За ова да се реализира ќе настрадааат капитални проекти за што  се кратат 18 милијарди и 250 милиони денари . Министерот за финансии уверува дека нема да има прекин на ниеден проект туку тие ќе продолжеле но со забавена динамика.

Бесими

кажа дека ја спуштаат првичната проекција за собирање пари од данок на додадена вредност за 6 милијарди денари помалку. Ова ќе се компензирало преку новите даноци кои се уште се во собраниска процедура, а за кои има голем отпор во експертскката јавност но и кај бизнис заедницата.

Планот на Владата е да ги зголеми даноците на сметка на успешните компании. Три милијарди денари планира да собере од екстра оданочувањето на компаниуите, 1 милијарда од данокот на личен доход и три милијарди од данокот на добивка.

Дури сега, Владата обезбедува пари и за печатење и превод на учебници. Откако претходно се оградија од одговорност дека проблемот не бил кај нив, сега се обелодени дека се планираат 166 милиони денари за печатење на учебници како и 290 милиони за студентски оброк.

Владата пресмета и 110 милиони денари за набавка на лекот „Трикафта“  за 55 пациенти . Растот се проектира на 2,5 проценти од БДП , а инфлацијата  нема драстично да падне , останува на проекција од  8,9 проценти . Според статистика во август измерена е инфлација на ниво од 8,3 отсто.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста