Прилепските пензионери со блокада на излезот од Прилеп кон Битола, денеска ги продолжија протестите

Пензионерите од Битола, Новаци и Могила кои не се согласуваат со актуелната политика за пресметка и исплаќање на пензиите синоќа на плоштадот Магнолија го одржаа шестиот митинг за своите права. Од идната недела ќе ја променат  формата на протестот со протестни маршеви до подрачното министерство и здружението на пензионери. Повторно побараа да се дел од владината комисија за Закон за минимална пензија, солидарен данок за пензии врз пензиите кои се повисоки од просечната плата во Македонија ,сега и веднаш одредување на 18.000 денари како минимална пензија, а побараа и поддршка од сите свои колеги пензионери и тие кои со нив заеднички ја користат пензијата.

Пензионерите од Битола, Могила и Новаци 6 недели со ред на протестен собир  искажуваат неодобрување на манифестираниот однос од надлежното министерство и владата. Барањата писмено, по којзнае којпат ги доставиле до битолското Здружение, и побарале финансиска поддршка за остварување на правото за протестирање.

Немале издвоено во буџетот средства за протести, за митинзи , за такви работи немале пари, ни за озвучување, ниту за состаноци, ни па за одење на централен протест во Скопе или било каде да се одржува низ Републиката“.

Во Битола синоќа се промовира и предлогот за воведување провремен солидарен данок врз пензиите кои се повисоки од просечната плата во државата, намалување на соодносот 1:7 меѓу најниската и највисоката пензија преку линеарно зголемување, законско нормирање за минимална и максимална пензија, и 18.000 ден минимална пензија сега веднаш. Но, повторно изразија целосен сомнеж дека владата ќе го реши проблемот.

„ На Уставен суд, за да се одолговлекува, Комисија ќе правиме  – за да се одолговлекува, Закон сега ќе носиме – за да се одлоговлекува, а пензиите и идниот месец пак 13, 15 до 18.000 денеари. “ – вели Антонио Димитровски .

Протестот и синоќа заврши со Пензионерски марш по Широк Сокак, а за својата истрајност од младите во некои кафулиња добија и аплауз.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста