Церемонија за крунисување на кралот Чарлс III

Седумдецениско патување од наследник до монарх. „Не дојдов за да ми служат, туку за јас да служам“ – ова е првата порака на Чарлс Трети на денот на неговото крунисување. Над 2300 гости поканети од целиот свет од прва рака го следеа пристигнувањето на Чарлс Трети со кралска позлатена кочија до Вестминстерската Опатија. Тој пристигна заедно со неговата сопруга Камила која исто така беше крунисана денеска.

Илјадници воени лица во Лондон учествуваат на церемонија и безбедноста е подигната на највисоко ниво. Британските медиуми пренесуваат дека свечената церемонија за крунисување на Чарлс Трети е славење на традиција стара над илјада години во британската монархија.

Околу 100 шефови на држави се во Вестминстерската Опатија, а од земјава присуствува и претседателот Стево Пендаровски со неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска.

Американскиот претседател Џо Бајден, кој нема да присуствува на денешното крунисување на Чарлс Трети, изјави дека ќе се сретне со британскиот крал во јули. На крунисувањето присуствува првата дама на САД, Џил Бајден, затоа што од независноста на САД ни еден претседател не присуствувал на чин на крунисување на крал на монархија.

Чарлс Трети стана крал на Обединетото Кралство во септември кога кралицата Елизабета почина по 70 години поминати на тронот.

Најважен момент на церемонијата е ставањето на круната од Стеви Едвард на главата на кралот Чарс Трети што е одбележано со ѕвонење на ѕвоната од опатијата и поздравно пукање.

Чарлс Трети е најстар монарх кој го презел тронот во лозата која трае 1000 години, на 73 годишна возраст

Илјадници луѓе од цела Британија и ширум светот кампуваа преку ноќ по патека долга 1,6 километри. Толпата се зголеми во текот на утрото, на повремен дожд, долж трасата.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста