Урбан хаос и бесправно градење во Oпштина Струга

Урбан хаос и бесправно градење во Oпштина Струга

Струга е класичен пример за непочитување на правната држава, општината во моментов е управувана од урбана мафија која што секојдневно врши злоупотреба на законите за градење,за просторно и урбанистичко планирање и оној за постапување со бесправно изградени објекти.Со амин на советниците од СДСМ и ДУИ,се носат планови за задоволување на бизнис интереси на поединци – жестоко реагираат советниците од ВМРО ДПМНЕ откако деновиве на потегот од Струга до Калишта се уништи цел појас трски за да се тампонира самиот брег.

 Бесправното градење статистички гледано е најзастепо кривично дело на подрачјето на Основниот суд Струга, буквално општо познат факт е дека целото крајбрежје е узурпирано и изградено со дивоградби од лица блиски до локалната власт, кои што немаат одобренија за градење, немаат договори за концесија и не плаќаат никакви надоместоци на општината”-вели  Ален Деребан,од  ВМРО ДПМНЕ Струга

Гласот го кренаа и од граѓанската иницијатива Охрид СОС посочувајќи дека сопственик на хотел кој е изграден на влезот во селото Радожда, узурпирал селско место сe’ до езеро за изградба на паркинг и плажа.Со механизација е прекопан брегот, а на површина од 200 метри квадратни е поставен тампон од песок и бекатон плочки.Јавноста шпекулира дека сопственикот на хотелот е вработен токму во општина Струга, од каде му одобриле елаборат за заштита на животната средина.И ова е само еден случај, вдолж целото крајбрежје од Струга до Радожда се изградени десетици хотелско-угостителски објекти од тврда градба.

 Зачудува и незаинтересираноста или неможноста на државниот инспекторат ниту пак на инспекторите кои што би требало да дејствуваат по службена должност на локално ниво ,изoстанува нивниот ефект, бидејќи или се немоќни или пак воопшто немаат ниту увид во она што се работи, ниту имаат желба да реагираат на терен”-вели советникот Никола Кукунеш  

Објекти никнуваа начесто без соодветна документација,а нема правна разврска нити пак некој сноси одговорност ,велат нашите соговорници.Класичен пример е одобрението за градба на спортска сала на самото крајбрежје,кое го издаде Мерко иако нема детален урбанистички план и никна сала-ама не за спорт, туку за свадби и прослави.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )