Универзитетот за Туризам и менаџмент во Скопје домаќин на Меѓународен форум на градоначалници од целиот свет

Како до модерна општина? Светски градоначалници, реномирани професори, домашни експерти на меѓународен форум ќе дебатираат како македонските општини да станат европски. Искуствата со македонската јавност ќе ги споделат првите луѓе на Франција, Израел, Словачка, Бугарија. Домаќин на овој светски реномиран настан е Универзитетот за Туризам и Менаџмент во Скопје кој на 01ви јуни на заедничка маса ќе ги седне дел од светските градоначалници заедно со првите луѓе на македонските општини и универзитетски професори.

На овој меѓународен форум ќе се дебатира како градоначалниците стратешко да ги планираат финансиите и да креираат нови проекти за граѓаните. Како човечките ресурси да бидат бренд амбасадори на општините и колку развојот на туризмот може да придонесе за меѓународна промоција на општините се дел од темите на овој светски настан. Домашната јавност од блиску ќе може да ги слушне меѓународните искуства од докажани професионалци во оваа област. Градоначалникот на Поважска Бистрица, Словачка, проф. д-р Карол Јанас кој е универзитетски професор и кој ќе ги пренесе искуствата од неговиот трет градоначалнички мандат.

Во Скопје доаѓа и специјалистот за меѓународни односи во Париз, д-р Жан-Ив Каму кој е специјален советник во Одделението за надворешни работи на француската престолнина. Од најмладиот градоначалник во израелскиот град Бат Јам и советник на поранешниот претседател Трамп ќе ги слушнеме предизвиците кој ги совладал во патот до успехот на градот со кој менаџира. Нивните искуства ќе бидат добредојдени не само за метрополата, туку и за градоначалниците на помалите општини.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста