Нема некоја поголема промена на Шар Планина иако речиси една година е национален парк

Не престанува дивата сеча на дрвјата како и уништување на природата поради градби на објекти, алармираат активистите кои се залагаат за заштита на животната средина за состојбите на Шар Планина, која речиси една година барем на хартија е национален парк. Богатата природна разноликост на најголемата македонска планина законски е пропишано да се заштитува, но тоа не се прави доволно, велат тие.

Досега за националниот парк Шар Планина има едно претријатие, има барем еден директор кој има добиено една кола. Толку знаеме за развој на претријатието и националниот парк. Освен тоа не можеме да видиме никакви други промени, во смисла на тоа заштита на природните вредности на Шара. Се се случува како што се случуваше и порано-има и сечење на дрва, има и градба на објекти и хидроцентралите продолжуваат да се градат- вели Аријанит Џафери, активист за животна средина.

Од планинарскиот клуб Љуботен сметаат дека краток е периодот за значајна промена, а законот за прогласување за национален парк го сметаат за знак на надеж дека во иднина нема да продолжи девастацијата на шарпланинскиот масив.

После прогласувањето, една година од прогласувањето на национален парк, промена има само во името односно во знаеме луѓето кои што веќе доаѓаат на Шара знаат дека е национален парк. Тоа е еден чекор плус. Во врска со онаа конкретна работа која треба да се изработи на Шара, секако дека е потребно време. Тој период секако ќе трае од пет до седум години додека се воспостават работите како навистина доликува на еден национален парк рече Јован Божиновски од ПК Љуботен.

Активистите потенцираат дека најголем предзивик треба да биде отстранувањето на малите хидроцентрали.  

Ние цело време како граѓански активисти  и како организации сме барале законот да ги забрани такви бетонски изградби и особено да ги ослободуваат реките од цевките каде што ги ставиле само за профит на нивни блиски пријатели кои граделе хидроцентрали. Ги викаме мали хидроцентрали, но негативното влијание им е огромно, иако објектот е мал тврди Аријанит Џафери, активист за животна средина.

На 30 јуни лани беше изгласан закон за прогласување на националниот парк. Назначен е директор околу шест месеци, кој не беше доволно слободен за да информира што се сработило во овој период.

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста