Со скандалозните измени на КЗ не само што нема затвор, туку ќе нема ни притвор за криминалците?

Со скандалозните измени на КЗ не само што нема затвор, туку ќе нема ни притвор за криминалците?

За кражба на државни пари не само што ретко кој ќе лежи затвор, туку и тие функционери што ќе ги фатат нема да одат ниту во притвор. Преку скандлаозните измени на кривичниот законик, Не само што си го укинаа кривичното дело за злоупотреба на државни пари, си ги намалија казните, туку сега им ги врзаа и рацете на обвинителите во однос на притворот. Имено, последиците од скандалозните измени се пресликуваат и врз Законот за кривична посапка според кој за дела до 5 години, не се одредува притвор освен ако нема опасност од бегство. Со измените казната сега е намалена на 3 години.

„Обвинителите ќе бидат користени како кукли дека наводно со води истрага, а не може да се води бидејќи кривично дело не постои, кога институцијата застарувањето е изиграно, а притоа и законодавниот дом го злоупотреби европското знаменце и се беше набрзина изгласано. Колку и да имаат обвинителите симпатити бидејќи знаеме како беа инсталирани, сепак не може да не се побуниш, врзани им се разете“, вели Костов.

Функционерите направија пат како да се спасат од сите досегашни криминали, вели Костов.

„Белите јаки ќе прават коруптивни дела ќе ги трошат нашите пари ќе ги ставаат во џепови и однапред ќе знаат на некој нема да му се суди на некои нема да се поведува постапка, на трети ќе им застарат делата, дали е тоа правда, тоа е неправда и тоа е селективна правда, Сотир Костов, поранешен обвинител.

За злоупотреба на буџетски пари, поранешни функционери од претходната власт беа влечени по судници и притвор, додека за сегашните функционери за истите дела нема да може да им се одреди притвор. Поранешните министри Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска се на издржување на казна за делото кое сега се укина. Поранешниот министер Јанакиевски  е рекордер по одлежани притвори. Досега неколкукупшати беше спроведуван, па пуштен зависно каков медиумски фокус и беше потебен на власта.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )