Во петок премиера на филмот „Кино љубов“ во Штип

Во петок премиера на филмот „Кино љубов“ во Штип

Исклучително интересна приказна раскажана со голема умешност, а низ малку кадри. Вака може да се опише најновиот македонски филм „Кино љубов“ кој по проекциите во повеќе држави и учеството на бројни фестивали во петок ќе ја доживее својата македонска премиера во Штип. Ова уметничко остварување, е продуцирано од Јани Бојаџи и Дејан Милошевски, а сценарист и режисер е Јани Бојаџи. Филмот е првата македонска „Инди“ – независна продукција и снимен е без финансиска подршка од агенцијата за филм и министерството за култура на Македонија. Филмот е во продукција на „синемон медиа фактори и револутион„. Во главните улоги настапуваат Дејан Лилиќ, Јелена Жуѓиќ, Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Благоја Чоревски како специјална ѕвезда гостин. За филмот и неговата уметничка вредност, колегата Костадин Делимитов разговараше со актерот Лилиќ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )