Соборот на СПЦ го одобри канонското единство со МПЦ -ОА

Српската православна црква одобри канонско единство со Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, и и додели автономност, но не и автокефалност. Ова е одлуката донесена на Саборот на СПЦ.

„Со благодарност кон Господ и со радост, Саборот го поздравува прифаќањето на општопризнаениот канонски статус, а тоа е статус на најширока можна автономија односно на полна внатрешна самостојност кој е доделен уште во 1959-та година“ се наведува во соопштението од Саборот на СПЦ.

Саборот допрва најавува дијалог за статусот на епархиите во Македонија.

„Во дијалогот за нивниот иден и евентуално конечен канонски статус СПЦ ќе се раководи само и исклучиво од еклисиолошко – канонските и црковните начела и норми и нема да ги зема предвид реалполитичките, геополитичките, црковнополитичките и други слични фактори или еднострани иницијатици“ се наведува во соопштението.

Саборот исто така истакнува дека по решавањето на статусот нема да ја условува новата сестринска црква со ограничувања во поглед на нејзините надлежности во Македонија и во дијаспората и препорачува прашањето за официјалното име да се реши во дијалог со останатите помесни православни цркви.

На ваквата одлука  на Саборот и претходеше признавањето на канонски статус на МПЦ-ОА од страна на Вселенската Патријаршија која конечното решение го префрли во рацете на СПЦ.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста