Протест на штипјани во населбата „Промаја“: Ако никнат гаражи од 3 метри, со пиштоли ќе бараме паркинг

Изградба на гаражи во висина од три метри, на нозе ги крена станарите од зградите кај штипска “Промаја“.  Утринава излегоа на протест, барајќи од надлежните целосна контрола врз она што се гради. Претпоставуваат дека во гаражите ќе се работи и со тоа ќе се створи дополнителен хаос на улицата, којас се воиди како тесно грло.

  • “Наместо да се паркират коли на станарите, ќе се паркират возила на некој што имат потреба од сервис. Ќе се ангажира оператива и фактички и овој дел ќе биде сто посто блокиран. За кратко време ако се реализира како што е наумил инвеститоро, најверојатно станарите ќе почнат да си вадат и пиштоли меѓу себе за паркинг простор“-изјави Златко Шумански, станар.

Тврдат дека со изградбата на новиот објект  се нарушува статиката на зградите. Единствен пристап им се скалите. Велат невозможно е до нивните домови да дојде пожарникарско возило или возило на Брзата помош.

  • “Стара со патерици, во ќебе ме носеа да долу за да се качам во колата. Нели е срамота !Како јас ќе слегнам по тие 100 скали по мојот стан?“-прашува Босилка Арсова, станарка во една од зградите.

На протестот дојде и градоначалникот кој им даде безрезервна поддржка на станарите. Им вети целосна контрола на изградбата, но им објасни дека инвеститорот доколку не си ги плати пеналите поради тоа што задоцнил со изградбата, ќе му биде одземена градежната дозвола.. Му дадоа рок од два месеци да ги подмири заостанатите 700.000денари.

  • “Сите мерки се преземени. Очекувам вои наредниот период да има разрешница. Доколку инвеститорот не ги исплати ќе му биде одземена дозволата за градба, а просторот преадаптиран според желбите на станарите“-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Според градежната табла, на местото каде претходно станарите на зградите во “Промаја“ ги паркираа своите возила, сега треба да никнат триметарски објекти.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста