Протест во Струмица против рудникот Иловица – присутните ја запалија одлуката за спојување на концесиите

Жителите од Струмичката котлина на нозе. Со свирчиња, транспаренти и знамиња, илјадници граѓани од плоштадот во Струмица упатија јасна порака дека се против отварње на рудникот за злато и бакар во Иловица-Штука. За еко активистите ваквата владина одлука е криминален заговор против сите граѓани на Македонија. Порачаа   дека отварањето на рудникот ќе доведе до отворени насилни судири и дестабилизација на државата.

  „Ова е бунт и борба за живот, наспроти бавната и сигурна смрт која тие со отварањето на рудникот ни ја нудат. Ако не сакаме да умираме, тогаш ќе мора да се иселиме од оваа котлина. А сакаме ли да се иселиме?„ праша еко активистката Оливера Аризанова-Масбарт.

 „Ја знаеме играта за вин-вин сценарио, каде ако има отпор за работа на рудник тогаш ќе имаа и договрена оштета, која всушност е криминален заговор  за легална пљачка на буџетот кој го полнат сите граѓани на Република Македонија„ порача Ѓорѓи Танушев од Здружението „Здрава котлина„.

  „Рудници или трудници. Изборот е ваш!„Штука нема да отстапи ниту педа земја за убијците„ беа само дел од паролите, кои денес граѓаните ги провејуваа на жешкото јулско сонце. Децидни се дека  нема да има рудник за злато и бакар со отворен коп, во нивната котлина..

Ова е зло! Ние се бориме против ѓаволот. Не даваме да се отвори  рудник во нашата котлина. Ќе се уништи  неколкувековната природната рамнотежа во Огражденскиот регион„ рекоа насобраните граѓани.

 „ Борбата штотуку почнува!„-порачаа организаторите на протестот, еко активистите  од „Здрава котлина„ и „Еко долина„ пред насобраните граѓани. Ја искритикуваа власта, а од институциите побараа да ја спречат постапката за отварање на рудник во Иловица-Штука.

  „Избраниците од луѓето, мора да работат за народот, а не против него! Укажувам и најавувам дека оваа борба ќе ја водиме на секое можно ниво почнувајќи од општинските совети, па се до највисоките држвни институции„ порача Стојан Трн-Велков од Здружението „Еко долина„

 На протестот се појавија и министерките за животна средина и труд и социјална политика, а организаторите во знак на револт ја запалија и одлуката за спојување на двете концесии. Денешниот протест против отварање на рудникот е 35 по ред. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста