Продолжуваат притисоците врз македонските здруженија во Бугарија 

Никој не ги штити македонците во Бугарија –  Македонскиот клуб на друштвото ОМО Илинден – Пирин  во неколку наврати се справува со закани и притисоци. Овој пат алармираат дека ќе бидат принудени и да ја напуштат просторијата во која ги држат своите состаноци.

Имено, сопствениците на просториите трпеле закани за да ги натераат членовите да ги напуштат просториите, по што на крај биле приморани и до Здружението да достават спогодба за раскинување на договорот. ОД ОМО Илинден – Пирин, иако не веруваат дека ќе се расчисти случајот поднесуваат пријава до бугарското обвинителство.

ТОНСКО   Атанас Мазнев – претседател на Друштво за заштита на основни индивидуални човекови права и член на раководството на ОМО Илинден-ПИРИН. 

Ние во тој случај подготвивме пријава до обвинителството за незаконско вмешување на непознати луѓе. Обвинителството и МВР имаат средства и луѓе кои можат да проверат кои се тие луѓе, какви се тие луѓе и да преземат дејствија.  Закупецот ни предлага согласност за раскинување на договор кое за нас не е добро затоа што ние веќе сме платиле.  Во самиот договор е предвидено рок на користење на просторот од една година. Ние не сакавме да се откажеме од договорот па поради тоа бараме од Обвинителството да реагира, Атанас Мазнев – претседател на Сега повторно се повторува ситуацијата. ние не знаеме кои се тие луѓе кои отишле кај нашите закуподавци, но можеме да претпоставиме дека тоа се луѓе кои се надвор од институциите кои имаат совршени информации за нештата кои се случуваат кај нас и знаат дека тие луѓе можат да подлегнат на уцени и заплашувања, затоа што да ги натераш луѓето да се откажат од преиходот од наем и просторот да им стои неиздаден тоа значи дека им имаат влијаено на сериозен начин и нашата претпоставка која не е далеку од вистината е дека тие луѓе се заплашувани.   Затоа луѓето ни кажаа дека тие што ги посетиле пак ќе се вратат, рече Атанас Мазнев – претседател на Друштво за заштита на основни индивидуални човекови права и член на раководството на ОМО Илинден-ПИРИН

За Мазнев нема друго објаснување освен дека ова е притисок.  Вели, не е јасно зошто би им го прекинале договорот и некој би се откажал од дополнителен приход.  Всушност ова не е прв пат да подлежат на вакви закани и притисоци.  И во минатото се случувале анонимни повици со заканувачки пораки, и претходно било барано да се напуштат простории.

Сега повторно се повторува ситуацијата. ние не знаеме кои се тие луѓе кои отишле кај нашите закуподавци, но можеме да претпоставиме дека тоа се луѓе кои се надвор од институциите кои имаат совршени информации за нештата кои се случуваат кај нас и знаат дека тие луѓе можат да подлегнат на уцени и заплашувања, затоа што да ги натераш луѓето да се откажат од преиходот од наем и просторот да им стои неиздаден тоа значи дека им имаат влијаено на сериозен начин и нашата претпоставка која не е далеку од вистината е дека тие луѓе се заплашувани.   Затоа луѓето ни кажаа дека тие што ги посетиле пак ќе се вратат, рече Мазнев

Бугарските институции никогаш досега ги немаат заштитено Македонците во Бугарија, кога биле објект на дискриминација, стои во реакцијата на здружението ОМО „ИЛИНДЕН“ –  Пирин. Покрај ваквите облици на притисоци, клубот ОМО „Илинден“ – Пирин во Гоце Делчев во Бугарија бил нападнат и во 2007 и во 2008, но и тогаш никој не преземал никакви дејствија.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста