Готова е драфт верзијата на новиот Кривичен законик, на почетокот на следната година пред пратениците

Драфт верзијата на новиот кривичен законик ќе биде отворена до Нова година за измени, а на почетокот на следната ќе се најде пред пратениците. Министерството за правда најкасно до утре ќе ја објави првичната верзија на законот на Електронскиот национален регистар на прописи. Министерот Тупанчевски уверува дека со новиот Кривичен законик во целост ќе се ревидира казнената политика.

Во однос на решенијата или предлозите кои што ќе бидат добиени од секоја заинтересирана страна, да може да се направат потребните корекции, неопходни корекции за да се добијат оптимални решенија рече Тупанчевски.

Додека јавноста чека да ја види првичната верзија група која го кроела новиот Кривичен законик велат дека се остава можност за индивидуализација на казните од областа на злоупотреба на службената положба, особено во делот на јавните набавки, конфискација на имот, еколошкиот криминал и други кривични дела.

  • Злоупотребата при јавни набавки и средства на буџетот и.т.н. го извојуваме како посебно крвично дело, тоа не е декриминализација или нешто слично, тоа е само номотехника, сега го немаме пред нас текстот, дека има повеќе облици, на потежок, на полесен, нормално со различни пропишани висина на казни рече Александра Деановска – Универзитетски професор.
  • Почнувајќи од општиот дел преку посебниот дел, каде што има значајни интервенции, преку усогласување со меѓународните стандарди. Конфискацијата, еколошкиот криминал, Истанбулската Конвенција, тортурата, малтертирањето, вршењето на функцијата, значајно да се каже дека дел од овие измени се резултат на пресудите на Меѓународниот суд на човекови права, вели Никола Прокопенко– Државен советник за казнено законодавство.

Од Правда уверуваат дека сите нелогичнсти од досегашниот Кривичен законик,  за лесни кривични дела да има тешки казни и обратно, се комплетно е ревидирани особено во однос на санкциите.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста