Мишел:Кажете да за предлогот и сменете го уставот па потоа следи меѓувладината седница

Ако Македонија го прифати предлогот на Франција, веднаш ќе започне со скринингот, ама мора да се смени уставот пред првата меѓувладина седница. Шефот на Европскиот Совет Шарл Мишел во ненанјавена посета на Скопје, директно се вклучи во убедувањето дека она што го испорача Брисел во форма на компромислно решение е најидеалниот предлог за Македонија.

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека власта цврсто стои на позициите кои се дел од Резолуцијата усвоена во Собранието, ама сега било време да се исполни визијата за членство и да сме делувале мудро и државнички. Сепак премиерот се вознемири од прашањето дали откако не успеа да ги убеди македонските граѓани дека предлогот на Париз ги штити сите македонски национални позиции, на помош ги викна европските тешкаши. Мишел сам побарал да дојде во Скопје и да биде дел од консултациите.

Бунтот и револтот на граѓаните сепак немало да играат клучна улога во одлуката на власта за предлогот. Ковачевски вели дека одлуките ќе ги носеле македонските институции, а во име на народот ќе одлучувале пратениците.

Мишел кој за еден месец втор пат доаѓа во Македонија, со порака дека овој предлог бил најдобар и сега била историската шанса да се прифати – одлуката вели била кај нас. Се обиде да уверува дека официјален Брисел го признава нашиот македонски јазик и идентите, но не заборави да каже дека за нив биле важни добрососедските односи, што всушност е и потврда дека зањстануваат на страната на Бугарија како ченка на Унијата.

„Ако кажете ‘ДА’, првата Меѓувладина конференција ќе се организира во наредните неколку денови и потоа ќе почне скрининг процесот. Станува збор за билатерален скрининг. Преговарачки тимови ќе бидат повикани во Брисел“, вели Мишел. 

Мишел ги претставил позициите за францускиот предлог и на претседателот Стево Пендаровски, и координаторите на политичките партии во Собранието, ама седнал на маса и со помалите партии во власта кои јасно кажаа дека во ваква форма не го прифаќаат францускиот предлог.

Според тврдењата на Ковачевски, иако најавено францускиот предлог денеска не се нашол на владината седница. По сите консултациите документите вели ќе ги испрател до Собранието.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста