Прогноза на Народна Банка: Годинава ниско ниво на економски раст, а се уште висока инфлација

Македонската економија и до крајот на годинава нема да цвета. Народната Банка ги намали проекциите за економскиот раст годинава на 2,1 отсто и прогнозира пониска но се уште висока инфлација. До крајот на годинава според монетарната власт таа треба да се движи помеѓу 8 и 9%.  Во кварталниот извештај Народната Банка посочува дека се уште постои висок ризик за проекциите на инфлацијата кои генерално би биле последица на надворешни фактори:  

Проектираниот раст би бил понизок од основно сценарио.  Ризиците за проекцијата на инфлацијата на среден рок и натаму се поврзани со неизвесноста во поглед на идните движења на светските цени на енергијата и храната и интензитетот на пренос врз домашната инфлација. Исто така, растот на платите, а особено соодносот со растот на продуктивноста треба внимателно да се следат – рече гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, 

Гувернерката предупредува дека политиката на раст на платите треба да ја следи продуктивноста. Во однос на зголемувањето на функционерските плати, немале конкретни податоци и бриојки па затоа не можеле да кажат како тоа би се одразило врз инлацијата

Монетарната политика според актуелните состојби не би требало да се менува, односно според Ангелоска Бежоска можно е таа и да се олабави, што сепак ќе зависи од состојбите на пазарот. Дефицитот останува се уште висок и ќе се покрива со долгорочно задолжување и странски директни инвестици. Намалување на буџетската дупка на 3% се прогнозира дури за 2025 година. Економскиот раст догодина кој според Народната банка ќе изнесува 3,6 односно 4% во 2025 та ќе зависи и од домашната побарувачка. Бројките велат, дека сепак повеќе ќе увезуваме од што ќе извезуваме. Во однос на граѓанската обврзница која ја најави Министерството за финансии, гувернерката се согласува дека сумата е навистина мала и посочува дека не очекува позначајни ефекти врз банкарскиот сектор.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста